Top Sport

160 милиони за две години – Нејмар се сели во Ал Хилал

Бразилскиот репрезентативец Нејмар (31) се наоѓа пред трансфер во Саудиска Арабија, во екипата на Ал Хилал. .

Бразилската суперѕвезда прифатил договор, според кој за две години ќе заработи 160 милиони евра, објави „Лекип“.

Откако Нејмар ја прифатил понудата, да да биде реализиран трансферот клубовите ќе треба да го договорат обесштетувањето. Според „Лекип“ трансферот би требало да изнесува околу 90 милиони евра.

Летово Ал Хилал ги донесе Малком за 60 милиони евра од Зенит, Рубен Невеш, од Вулверхемптон за 55 милиони евра, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио 40 милиони евра, а Калиду Кулибали од Челзи за 23 милиони евра.

Нејмар е најскапиот фудбалер во историјата благодарение на трансферот од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра.

Scroll to Top