Top Sport

Вистински мајстори му биле соиграчи – идеалниот тим на Фернандо Торес (Видео)

Фернадо Торес еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација неодамна го прослави 36 роденден. Торес кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, потоа играл за Ливерпул, Челси, Милан повторно во Атлетико, а кариерата ја заврши минатата година во јапонскиот Саган Тосу.

Торес во кариерата одиграл 578 натпревари, постигнал 200 гола, ги освоил сите значајни трофеи во фудбалот (светски и европски првак со Шпанија, Лига на шампиони со Челси, Лига Европа со Атлетико Мадрид).

На својот 36 роденден тој одбрал 11 фудбалери со кои бил соиграч во текот на кариерата. Тој идеален тим во формација 3-4-3 изгледа вака:

Голман: Јан Облак
Одбрана: Карлес Пујол, Диего Годин, Џон Тери
Среден ред: Хавиер Маскерано, Стивен Џерард, Чаби Алонсо, Чави
Напад, Иниеста, Давид Виља, Фернандо Торес

Scroll to Top