Премиерот на Шпанија Педро Санчез даде оптимистичка изјава кога е во прашање фудбалската сезона. На прес конференцијата тој рекол дека клубовите и Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе решат дали ќе ја продолжат сезоната и дека владата нема да се меша во фудбалските работи.
„Повеќе сум фан на кошарката отколку на фудбалот, но се надевам дека наскоро ќе гледаме натпревари. Лигата и Сојузот ќе решат кога ќе продолжи сезоната. Индивидуалните тренинзи започнаа, а се надевам дека наскоро ќе гледаме и натпревари. Сепак мислам дека фудбалските натпревари ќе ги гледаме на телевизија, не на стадионите“, рекол шпанскиот премиер.
Претходно првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас изјави дека целта е првенството да биде завршено.
„Доколку властите дозволат да се игра, а клубовите тоа го одбијат, тогаш ќе бидат санкционирани. Натпреварот ќе го загубат и ќе се соочат и со други последици“, рекол Тебас.