Top Sport

„Владата не дискриминира“

Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Италија се огласи со соопштение по последната објава на министерството за култура и спорт. Владата на Италија вчера најави постепено укинување на мерките за заштита од коронавирусот. Новите мерки предвидуваат дека на оние што се занимаваат со индивидуални спортови ќе им биде дозволено да тренираат од 4 мај.

Останатите, тука се мисли на екипните спортови, со тренинзи ќе можат да започнат две недели подоцна.

„Асоцијацијата на фудбалери е револтирана и изненадена од оваа одлука на Владата. Сметаме дека одлуката е нелогична и дискриминаторска. И спортистите кои се дел од професионалните тимови можат да тренираат индивидуално“, се наведува во соопштението.

„Оваа одлука носи поголем ризик од повреди. Професионалните спортисти мора да тренираат, паузата беше долга, буквално секој ден е значаен. Се надеваме дека владата итно ќе интервенира и ќе ја коригира одлуката“.

Scroll to Top