Италијанската влада го одбила барањето на претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино, да интервенира со 600 милиони евра за да биде покриен минусот кој настана поради пандемијата со коронавирусот.
„Фудбалот е блиску до финансиски колапс“, рекол Дал Пина за „Скај Спорт Италија“.
Клубовите неколку пати побараа помош од Серија А и државата, за да ги покријат дупките во буџетите. Финансиските проблеми најмногу се изразени кај помалите клубови. Доколку оваа ситуација продолжи, можно е тиа да останат без пари за да го продолжат натпреварувањето.
Владата на Италија не се согласува дека фудбалот треба да им биде приоритет во овие моменти. Покрај што одбиле да помогнат финансиски, од Владата го одбиле и барањето на клубовите да им биде пролонгиран рокот за измирување на даночните обврски.