Вчера се навршија 28 години откако Црвена ѕвезда во Токио со победата над Коло Коло (3:0) ја освои светската титула. Тренер на тој тим во кој играа Дарко Панчев и Илија Најдовски, беше Владица Поповиќ.
Поповиќ денес има 84 години, со седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, работел и освојувал титули во Колумбија со екипи од Санта Фе, Меделин и Кали.
Во едно интервју тој раскажал како ја одбил понудата од нарко-босот Пабло Ескобар да биде тренер на Атлетико. На врвот на својата моќ медиумите шпекулираа дека зад Атлетико Насионал како финансиер стои токму Ескобар.
„Тогаш сите знаеја кој е тој и дека негова покана не се одбива. Ме однесе во својата вила, сакаше да ме импресионира, во базенот ме послужи со виски. Сакаше да станам тренер на неговиот клуб од Меделин. Јас ја одбив понудата“, рекол Поповиќ и продолжил.
„Знаев дека на таков човек не смеам да му кажам дека ќе размислам, тоа би било исто како да сум ја прифатил понудата. Го погледнав в очи, како што сега ве гледам вас, собрав храброст и му се заблагодарив на понудата. Побара да не го одбивам веднаш, му рече дека ќе направи забава само за мене со најубавите жени, дека ќе добијам пари колку што сакам…Меѓутоа јас знаев дека не смеам да прифатам. Ако ме прашувате дали бев исплашен нема да ве лажам. И сега ми се тресат колената кога ќе се сетам кога ќе се сетам на тој разговор, но знам дека донесов исправна одлука“, истакнал Поповиќ.