Најтрофејниот македонски клуб Вардар го претстави Владица Брдаровски како ново засилување. Тој доаѓа од редовите на Шкупи.
Десниот бек се враќа во клубот со кој ги постигна најголемите успеси, играше во групната фаза од Лига Европа, и освојуваше титули во домашниот шампионат.
Вардарци се наоѓаат на подготовки на Златибор каде што ќе го одработат главниот дел пред стартот на новата сезона во Првата лига.