Top Sport

Влаховиќ доби страшна закана: Ако дојдеш ќе ти отсечеме три прста

Навивачите на ПСЖ испратија морбидна порака до Душан Влаховиќ, откако стана јасно дека е извесен неговиот трансфер од Јувентус на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми тврдат дека Влаховиќ прифатил кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Трансферот ќе биде реализиран кога клубовите ќе ја договорат оштетата.

Остра, дури и неочекувана реакција имаше и од навивачите на ПСЖ, кои се противат на доаѓањето на српскиот центарфор. Станува збор за дел од симпатизерите на овој клуб, кои пред стадионот на ПСЖ истакнаа транспарент на кој на француски пишува:

„Дојди во Париз, ќе ти отсечеме три прста“.

Споменатите симпатизери на ПСЖ објавија и слика од српските репрезентативци Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ, со три прста кренати високо. Радоњиќ и Влаховиќ носат маици со натпис „Радувај се , српски народе“.

Инаку, меѓу симпатизерите на ПСЖ има и голем број српски навивачи, кои ја сочинуваат една од најсилните фракции на трибините на овој клуб.

Scroll to Top