Top Sport

Влаховиќ добил смртни закани

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е во центарот на вниманието по случувањата на натпреварот против Венеција.

Пред два дена, Јувентус ремизираше 2-2 на домашен терен во 16.коло против Венеција, тимот што го зазема последното место на табелата. Јувентус влезе во серија лоши резултати, против Венеција четврти пат во низа одигра нерешено.

И покрај голот кој Влаховиќ го постигна во четвртата минута од судиското надополнување и спречи пораз на Јувентус, атмосферата на стадионот беше далеку од славеничка.

По натпреварот, фудбалерите на Јувентус се приближија до делот од трибините каде што седеа најжестоките навивачи на клубот. Наместо поддршка, добија навреди.

Посебно на мета бил српски напаѓач, кој според италијанските медиуми добил смртни закани.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, специјалната единица за истраги и операции покренала истрага против навивачот кој упатил смртни закани до српскиот репрезентативец.

Се додава дека истражителите ги побарале видео снимките од трибините за да го идентификуваат лицето кое упатило опасни и недолични зборови кон напаѓачот на Јувентус.

Србинот е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 11 гола на 19 натпревари.

Scroll to Top