Top Sport

Влаховиќ за помала плата ќе потпише нов договор

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е блиску до потпишување на нов договор со Јувентус, објавија италијанските медиуми.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус смислиле план за намалување на платата на поранешниот центарфор на Фиорентина и Партизан.

Напаѓачот на Јувентус моментално заработува седум милиони нето по сезона, па клупските челници Кристијано Џунтоли и Џовани Мана би сакале да му ја намалат главнината и на тој начин да му оневозможат да дојде до максималните 12,5 милиони.

Според актуелниот договор платата на Влаховиќ се зголемува секоја сезона. Кога ќе влезе во последната година од договорот неговата плата ќе изнесува 12,5 милиони евра.

Планот на Јувентус е во новиот договор, платата на напаѓачот да биде фиксна, а до максималната сума би можел да дојде преку бонусите, односно реку бројот на одиграни натпревари и постигнати голови.

Влаховиќ наводно му рекол на својот агент Дарко Ристиќ да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Доколку постигнат договор, Влаховиќ ќе потпише договор до 2027 година.

Влаховиќ оваа сезона во Серија А постигна четири гола на шест натпревари.

Scroll to Top