Фиорентина потврди дека клуб од Премиер лигата испратил официјална понуда за српскиот голгетер, Душан Влаховиќ. Напаѓачот имал поинаков план, ќе остане во Фиренца до завршувањето на сезоната.
„Влаховиќ не е заинтересиран за трансфер во Премиер лигата. Покрај овој клуб, уште неколку клубови од Англија се интересираат за него, но тој очигледно има поинакви планови. Ние сме подготвени да преговараме, но тој и неговиот менаџер одбиваат преговори“, рекол директорот на Фиорентина, Џо Бароне.
И покрај тоа што не го откри името на заинтересираниот клуб, повеќе од сигурно е дека станува збор за Арсенал.
Влаговиќ имал желба да го облече дресот на Јувентус, ова го тврдат медиумите од Италија. „Газета дело Спорт“, објави дека Јувентус испратиле понуда, во кеш 35.000.000 евра и Дејан Кулушевски во замена за Влаховиќ.
На „Артемио Франки“ ја одбиле понудата, директорот Бароне не се согласува со проценката на Јувентус дека Кулуѓевски вреди 35.000.000 евра.