Top Sport

Влаховиќ ќе го продолжи договорот со Фиорентина

Душан Влаховиќ ќе потпише нов договор со Фиорентина. Напаѓачот, кој се поврзува со Тотенхем и Арсенал, наскоро ќе потпише до 2024 година. Со новиот договор тој ќе доби е тројно поголема плата.

Влаховиќ, минатата сезона експлодираше во Серија А, на 37 натпревари за Фиорентина, постигна 21 гол. Одличната сезона го препорча кај клубовите од Премиер лигата.

Тотенхем во него гледа замена за Хари Кејн, доколку тој се пресели во Манчестер сити.

Напаѓачот ќе добие значително зголемување на плата, ќе заработува три милиони евра по сезона.

Во новиот договор откупната клаузула ќе изнесува 70 милиони евра.

Италијанските медиуми потенцираат дека не е јасно дали откупната клаузула ќе може да биде активирана ова лето или таа ќе важи дури по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top