Top Sport

Влаховиќ се повреди против Бенфика

На кошмарната ноќ на Јувентус во Лисабон се надоврза повредата со која во финишот на натпреварот се здоби Душан Влаховиќ. Јувентус, синоќа по поразот од Бенфика (4:3), испадна од Лигата на шампионите.

Влаховиќ со болна гримаса на лицето го напушти теренот. Имено, првите информации говорат дека тој се здобил со повреда во пределот на бутниот мускул и дека ќе мора да паузира.

Колку ќе трае паузата ќе се знае по лекарските прегледи.

Scroll to Top