Top Sport

Влазнија Скадар го претстави Дарко Додев како ново засилување (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Дарко Додев е ново засилување за албанскиот прволигаш Влазнија Скадар, објави клубот. Тој потпиша тригодишен договор, а доаѓа од македонскиот прволигаш Брегалница.

Крилниот играч имаше одлична сезона во штипскиот тим и доби примамлива понуда за преселба во Албанија. Влазнија ќе настапува и во европските купови следната сезона.

Додев имаше понуди и од неколку македонски клубови, пред се од Шкупи и од Шкендија.

 

Scroll to Top