Top Sport

Влошена здравствената состојба на Џанлука Вијали

Медиумите на Апенините пренесуваат дека здравствената состојба на поранешниот играч на Самодорија, Јувентус и Челзи, Џанлука Вијали (58) е влошена. На Вијали во 2017 година му беше дијагностициран рак на панкреасот.

По тригодишно лекување, Вијали ја доби битката, но за жал ситуацијата повторно се влошила. Лекарите сега го советувале целосно да се фокусира на новите третмани и да ги прекине професионалните обврски. Неговата мајка Тереза ја напуштила Кремона и се упатила во Англија, каде што е Виали со своето семејство.

Вијали имаше одлична кариера. Играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи. Со Јувентус во 1996 година ја освои Лигата на шампионите, а исто така два пати беше шампион на Италија, еднаш со Јувентус и еднаш со Сампдорија. Тој беше и најдобар стрелец на италијанската лига во 1991 година и на Купот на Италија во 1989 година, кога постигна 13 гола во тоа натпреварување.

Имаше и кратка тренерска кариера. Тој го презеде Челзи во 1998 година и таму остана две и пол години и го водеше лондонскиот клуб на 133 натпревари. После тоа, тој го водеше Вотфорд на 51 натпревар, пред да престане да тренира во 2002 година.

Работеше како координатор во италијанската репрезентација од ноември 2019 година, а таа позиција мораше да ја напушти бидејќи му се влоши здравствената состојба.

Scroll to Top