Top Sport

„Внимателно со Феликс, тој може да ја освои Златната топка“

Поранешниот репрезентативец на Португалија Симао Самброса верува дека неговиот млад сонародник Жоао Феликс ќе заблеска во дресот на Атлетико Мадрид.

Младиот напаѓач минатот лето од Бенфика се пресели во Атлетико. „Јорганџиите“ го урнаа клупскиот рекорд плаќајки за него 126 милиони евра.

Феликс не игра онака како што очекуваат од него, во досегашниот дел од сезоната има постигнато само шест гола.

Симао верува дека во блиска иднина Феликс ќе стане најдобар играч во светот.

„Треба да го почекаме, се уште се прилагодува на новиот тим, новата лига. Верувам дека во годините кои се пред нас може да ја освои Златната топка“, рекол поранешниот фудбалер на Атлетико.

Феликс набргу ќе доби можност да го покаже квалитетот, Ла Лига продолжува на 8 јуни, а Атлетико се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top