Top Sport

Во 12 часот ждрепка за осмина-финалето во ЛШ

Во седиштето на УЕФА, во Нион, денес ќе бидат извлечени осмина-финалните двојки во Лигата на шампионите.

Најмногу претставници во оваа фаза има Англија, четири, по три тима меѓу најдобрите 16 имаат Шпанија и Германија.

На денешната ждрепка победниците на групите ќе бидат носители и тие првите натпревари ќе ги играат на гостински терен.

Инаку во оваа фаза не можат да играат тимови од иста земја, како и тимови кои беа во иста група.

Носители: Барселона (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Борусија Дортмунд (Германија), Јувентус (Италија), Манчестер сити (Англија), Пари Сен Жермен (Франција), Порто (Португалија), Реал Мадрид (Шпанија)

Не носители: Ајакс (Холандија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ливерпул (Англија), Лион (Франција), Манчестер Јунајтед (Англија), Рома (Италија), Шалке (Германија), Тотенхем (Англија).

Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе започне во 12 часот.

Scroll to Top