Top Sport

Доминација на Јокиќ и Дончиќ (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија во дерби мечот одигран изминатата ноќ во НБА лигата. Пресметката на лидерите во своите конференции им припадна на Нагетс кои славеа над Торонто 95:86.

Неверојатната серија 23:2, во финишот на третата четвртина има ја донесе победата на Денвер. Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 26 поени, девет скока, четири асистенции и две украдени топки.

Српскиот центар доби поддршка од Џамал Мареј (19 поени), Тори Крег (13 поени) и Монте Морис (12 поени). Кај Репторс најдобар беше Каваи Ленард со 29 поени и 14 скока.

Денвер водат на Западот со скор 20/9, додека Репторс се лидери на Истокот со скор 23/9.

Исклучително интересен натпревар одиграа Сакраменто Кингс и Далас Маверикс. Забележителни улоги имаа играчите од Балканот. Кингс славеа со 120:113.

Бади Хил и Диерон Фокс уфрлија по 28 поени за Сакраменто, а српските репрезентативеци Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ уфрлија по 15 поени. На другата страна најдобар играч беше Словенецот Лука Дончиќ со 28 поени, девет скока и шест асистенции.

Вашингтон Визардс против ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од четири порази. Визардс, предводени од Џон Вол, забележаа победа 128:110.

Вол, во првото полувреме постигна 28 поени, а мечот го заврши со 40 поени, 14 асистенции. Уште тројца кај Вашингтон реализираа најмалку 20 поени: Бредли Бил (25 поени, 12 асистенции), Сем Декер (20 поени) и Џеф Грин (20 поени).

Најдобар играч на Лејкерс на овој дуел бил Кентавијус Колдвел-Поуп со 25 поени, пет помалку постигнал Кајл Кузма.

Scroll to Top