Top Sport

Во Алавес има 15 заразени со коронавирус, тројца се фудбалери

Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес е последниот клуб во Ла Лига кој потврди дека во своите редови има членови заразени со коронавирусот.

Шпанците објавија дека дури 15 луѓе во клубот се инфицирани со опасниот вирус, од кои тројца се фудбалери. Нивните имиња, засега, не се соопштуваат.

Ниту еден член на истоимената кошаркарска екипа не е меѓу заразените.

Клубот во клупското соопштение известува дека никој од заразените не покажувал симптоми на зараза, па сега сите се во добра општа состојба.

Ла Лига осигура тестови за коронавирус за сите нејзини членови.

Инаку, во Шпанија има околу 13.000 заболени, од кои над 500 го загубија животот.

Scroll to Top