Top Sport

Циципас се закани: Ќе го срушам достигнувањето на Ѓоковиќ!

Повеќето тенисери сонуваат да го престигнат рекордот на моментно водечкиот на АТП листата, Србинот Новак Ѓоковиќ кој оствари 21 победа во низа.

Еден од оние кои се закануваат дека ќе ги срушат рекордот е Гркот, Стефанос Циципас.

Шестиот играч на АТП вели дека не е изненаден од серијата на колегата.

„Секако дека беше можно Новак да го направи тоа, не сум изненаден“ – смета долгокосиот тенисер.
Циципас не ја крие амбицијата насочена кон рекордот на Новак.

„И јас би го сакал истото. Мислам дека рамнотежата треба да се пронајде во опоравувањето од еден до друг меч, исхраната која се следи и состојбата на духот. И јас играв добро, неодамна, иако не направив таква серија. Мислам дека еден ден ќе успеам во тоа“ рече Циципас.

Scroll to Top