Top Sport

Во Англија постигнат гол со глава од 60 метри (видео)

Од мечот меѓу Башфорд Јунајтед и ФЦ Јунајтед одигран во Манчестер, во англиската седма по ранг лига доаѓа еден од најлудите голови сезонава во Европа.

Мечот се играше во вторникот вечерта, а го одбележа бизарен гол со глава од околу 60 метри кој стана вирален хит на социјалните мрежи.


Играч на ФЦ Јунајтед исфрли една топка од својата половина, а на другата половина на игралиштето со глава ја дочека фудбалерот на Башфорд Јунајтед, Стефан Галински кој ја прати кон противничкиот гол.

Голманот на ФЦ Јунајтед, Камерон Белфорт беше на околу 16 метри од гол линијата, погрешно го процени летот на топката, па таа заврши во неговата мрежа.

Тоа беше гол за водство од 2-1 за Башфорд Ј. во 62 минута.

Погледнете ја ситуацијата:

Scroll to Top