Top Sport

Типсаревиќ го „згази“ Фоњини на неговиот проштален АТП турнир во кариерата

Српскиот тенисер, Јанко Типаревиќ се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Стокхолм откако денеска убедливо со 6-1 и 6-1 славеше против моментно 12-тиот светски тенисер, Италијанецот Фабио Фоњини.

Италијанецот мечот го отвори со брејк, но потоа не освои ниту еден гем до крајот на првиот сет.

Сличен беше епилогот и во вториот сет. Повторно Фоњини поведе, а потоа Србинот стапи на сцена за експресна елиминација на фаворитот.

Српскиот тенисер, кој поголем дел од мечевите во кариерата ги игра во двојки, најави дека турнирот во Стокхолм е неговиот последен во кариерата на АТП турнирите.

Типсаревиќ најави дека тениската кариера ќе ја заврши на Дејвис купот во Мадрид, на крајот на годинава.

Неговиот најдобар пласман на АТП листата во кариерата беше осмото место.

Scroll to Top