Top Sport

Ибањез: Жозе Мурињо е биполарен тренер

Дефанзивецот на Рома, Рожер Ибањез признава дека не е лесно да се работи под тренерот Жозе Мурињо поради неверојатните промени во неговото расположение, нарекувајќи го „биполарен тренер“.

Мурињо имаше огромен успех на клупата на Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид, но 60-годишниот Португалец е познат по создавање на менталитет „ние против светот“ во секој тим во кој работел, и никогаш не го криел своето мислење за сопствените фудбалери, ривалите и судиите.

„Фантастично е да го добиете искуството на работата со него секој ден. За мене тој е биполарен тренер, еден ден се смее и се шегува со тебе, следниот ден не сака да те види. Секаде може да работи и со секој играч“, вели 24-годишниот дефанзивец.

Scroll to Top