Top Sport

Во Атина стрелано на поранешниот српски напаѓач Дарко Ковачевиќ!

Според грчките медиуми, поранешниот српски напаѓач Дарко Ковачевиќ, кој до неодамна беше спортски директор на Фудбалската федерација на Србија е застрелан во колено од возило во движење пред неговиот дом во Атина.

Според овие извори, Ковачевиќ веднаш бил однесен во болница, но не е во животна опасност, а исто така се тврди дека на 700 метри од неговата куќа има запален автомобил, најверојатно од кој било пукано.

46-годишниот Ковалевиќ е поранешен фудбалер на Црвена звезда, Реал Сосиедад, Јувентус, Лацио и Олимпијакос.

Scroll to Top