Top Sport

Во Баерн јасни: Нема шанси Нико Ковач да добие отказ

И покрај тоа што Баерн Минхен има само две победи во последните шест меча во Бундеслигата, вклучувајќи го болниот 3:2 пораз од Борусија Дортмунд во саботата, во клубот воопшто не размислуваат за смена на тренерот Нико Ковач.

Баерн сега се на седум поени зад Борусија на табелата по загрижувачкиот старт на сезоната под хрватскиот тренер, но претседателот Ули Хенес вели дека нема да има отказ за Хрватот, дури и Баерн да не ја одбрани титулата.

„Нема воопшто разговор околу нашиот тренер. Тимот е во добра форма и не игра за тренерот, туку за клубот и мора да го знаат тоа. Денеска сум помалку депресивен од поразот против Менхенгладбах минатиот месец“, изјави Хенес за „Скај спорт“.

Хенес исто така ја отфрли можноста германскиот гигант да купува фудбалери во јануари за да се решат недостатоците на клубот.

„Втората фаза на промените за нас доаѓа налето. Некои немаат многу мечеви од летото, така што имаме доволно силен тим, со 15 или 16 репрезентативци“, додава Хенес.

Фото: ЕПА

Scroll to Top