Top Sport

Видиќ: Мурињо се обидува да ги направи Јунајтед поатрактивни

Ако има нешто што повеќе ги нервира навивачите на Манчестер јунајтед од слабите резултати, тоа е релативно дефанзивната тактика на Жозе Мурињо, но поранешниот капитен Немања Видиќ вели дека и тоа полека се менува.

Португалецот својата кариера ја изгради на способноста неговите тимови да се тешки за „кршење“, со успех во Реал Мадрид и во Интер, нешто што тешко им падна на „ѓаволите“, кои беа навикнати на напаѓачки фудбал под Сер Алекс Фергусон. Но, сега, со враќањето во форма на Антони Марсијал и со повредата на Ромелу Лукаку, системот на игра се менува и Видиќ вели дека тоа е видливо.

„Како фудбалер, како некој кој играл за клубот, нормално дека сакам да ги видам поблиску до титулата. Манчестер јунајтед во својата историја секогаш играл напаѓачки и атрактивен фудбал. Последните неколку меча ми се допаѓа што играат позитивно. Со Марсијал, Рашфорд и Мата напред е подобро. Менталитетот не е дефанзивен, туку се мисли и на голот. Со Лук Шо и Ешли Јанг на страните, тоа е веќе напаѓачки фудбал“, вели Видиќ.

Scroll to Top