Челниците на Баерн „нема да бидат глупави“ да го пуштат Мануел Ноер да замине од клубот смета поранешниот голман на клубот од Минхен Сеп Мајер. Договорот на Ноер истекува во јуни 2021 година, а според германските медиуми тој ги прекинал преговорите со клубот околу новиот договор.
Наводно, Ноер барал 20 милиони евра годишна плата и договор до 2025 година. Во клубот барале компромис, на голманот му нуделе договор до 2023 година со посебни бонуси.
„Мислам дека нема да бидат глупави да го пуштат да замине“, рекол Мајер.
„Ако донесат таква одлука во наредните години би можеле да зажалат. Во овој момент нема подобар од Ноер и нема да има подобар уште неколку години“.
Баерн од наредната сезона ќе има уште еден квалитетен голман. Во Минхен, од Шалке, како слободен играч ќе пристигне Александер Нибел.