Top Sport

Во Бахија незадоволни што претседателот Болсонаро го носеше нивниот дрес

Претседателот на фудбалскиот клуб Бахија, Гилерме Белинтани не беше пресреќен што десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро решил да го облече нивниот дрес, бидејќи тој не сака да се поврзува со претседателот во истиот ден кога смртноста од корона вирусот во земјата надмина граница од 10.000 луѓе.

Во интервју за локалното радио, Белинтани вели дека нема моќ да каже кој смее или не смее да го носи нивниот дрес.

„Секако, лошо е да се поврзе дресот на Бахија со моментот кога има 10.000 мртви од корона вирусот. Не можам да го обвинам претседателот, а меѓу навивачите на Бахија има од секоја политичка страна. Сепак, ние ќе продолжиме со нашата стратегија за кревање на свесноста за темите кои ги сметаме за важни“, вели Белинтани.

Бахија во минатото имаше повеќе кампањи за социјални теми, како борба против расизмот, борба за признавање на правата на ЛГБТ заедницата и други хуманитарни теми.

Scroll to Top