Top Sport

„Скај“ ќе им нуди на гледачите на Бундеслигата снимена бучава од навивачи

Викендов по предолга пауза, конечно, се враќа елитниот фудбал со натпреварите од Бундеслигата, првата од топ 5 лигите која се реши на рестарт.

Секако, без гледачи поради пандемијата на корона вирусот, и на тие кои ќе им пречи „тишината“ на стадионите пред ТВ-екраните во Германија ќе имаат опција да пуштат снимени звуци од публика , вклучувајќи и навивачки песни.

ТВ-мрежата „Скај“ на својот веб-сајт потврди дека гледачите ќе можат да избираат дали да ги следат натпреварите со природен звук (кој сега ќе се состои од викањето на фудбалерите и тренерите на празните стадиони) или со „алтернативен звук со снимена стадиумска атмосфера“.

„Покрај коментарот во живо, во тоа аудио ќе има и навивачи песни за клубовите кои играат и реакција на публиката на мечот“, објавија од „Скај“.

Scroll to Top