Top Sport

Во Барселона биле подготвени да го продадат Кутињо

Барселона ќе ги разгледале евентуалните понуди за Фелипе Кутињо. Бразилецот разочара откако клубот издвои рекордна сума на пари за да го донесе на „Ноу Камп“.

Кутињо, пред една година, од Ливерпул се пресели во Барселона и во овој период одиграл само 29 натпревари во Ла Лига.

Оваа сезона ретко добива шанса во стартниот тим, бидејќи не е константен во формата, а и тренерот Ернесто Валверде, не бил задоволен како тој ги исполнува задачите во одбраната.

Кутињо не успева да се наметне ниту кога во тимот го нема Усман Дембеле, кој се уште е повреден. Од наредната сезона на позицијата на која игра Бразиелцот ќе конкурира и Френки Де Јонг.

Барселона лани плати 155 милиони евра за Бразилецот, а според познавачите во овој момент тешко дека може да го продаде за повеќе од 100 милиони евра.

Scroll to Top