Top Sport

Бенитез ќе замине од Њукалс

Челниците на Њукасл не биле задоволни од работата на тренерот Рафа Бенитез и како што пренесуваат англиските медиуми сигурно е дека по завршувањето на сезоната ќе му се заблагодарат на соработката.

Медиумите веќе шпекулираат и со имињата на оние што би можеле да го заменат Шпанецот.

Најсеризен кандидат за клупата на Њукасл, според медиумите, бил актуелниот менаџер на Селтик, Брендан Роџерс. Поранешниот стратег на Ливерпул бележи добри резултати со шкотскиот шампион.

Втората опција е Германецот Дејвид Вагнер, кој неодамна доби отказ на функцијата во Хадерсфилд.

Њукасл, во 26 коло, ќе гостува кај Вулвархемптон. Натпревар ќе се одигра в понеделник од 21 часот.

Scroll to Top