Душан Влаховиќ беше цел на Барселона, но повеќе не, а сега ги договори сите лични услови со – Милан!
Ова го тврди каталонскиот „Спорт“, кој откри дека Барселона го следела развојот на ситуацијата во Јувентус, како и дека Влаховиќ бил потенцијална замена за Роберт Левандовски, најмногу поради фактот дека тој ќе стане слободен играч следното лето.
„Спорт“, истакнува дека Каталонците се откажале од неговиот трансфер поради фактот што тој доживеал сериозна повреда поради која ќе мора да паузира три месеци, но и затоа што бил неубедлив пред повредата.
Исто така проблем за Барселона била и платата што ја има Србинот. Влаховиќ од Јувентус, на годишно ниво добива нето плата од 12 милиони евра.
Во исто време, „Спорт“ тврди дека Влаховиќ од претходно водел интензивни преговори со Милан и дека кариерата ќе ја продолжи таму.
Кристофер Енкунку и Сантијаго Хименез не играат добро, не се по вкуст на Масимилијано Алегри, кој добро го познава Влаховиќ од периодот кога работеа заедно во Јувентус.
Влаховиќ, веројатно нема да потпише нов договор со Јувентус, што значи дека од 1 јануари, има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб.
Foto/ depositphotos
