Top Sport

Во Бергамо се тресат од пристигнувањето на навивачите на Манчестер јунајтед

Локалните власти во Бергамо се многу загрижени од пристигнувањето на навивачите на Манчестер јунајтед за мечот од Лигата на шампионите со Аталанта, па решија да ја ограничат продажбата на алкохолот.

Се очекува барем неколку илјади Англичани да пристигнат во вторник за мечот на „Гевајс стадионот“ по драматичната 3:2 победа на Јунајтед на првиот меч на „Олд Трафорд“ и локалните власти сакаат да обезбедат работите да поминат во најдобар ред околу јавниот мир и да ги заштитат историските згради во центарот на ломбардискиот град.

Продажбата на пијалоци со алкохол со над 5 отсто ќе биде забранета од вторник наутро до среда наутро во сите барови, ресторани и продавници во центарот на градот и околу стадионот. Исто така ќе бидат забранети сите пијачки во стаклени шишиња, дури и безалхолни пијалоци.

Ова е прва сезона во која Бергамо привлекува гостински навивачи во Лигата на шампиони, бидејќи во својата деби сезона пред две години играа на „Сан Сиро“ во Милано бидејќи стадионот не им беше изграден, додека минатата сезона поради КОВИД-19 на трибините немаше навивачи.

Scroll to Top