Top Sport

Митро-гол владее со англискиот Чемпионшип

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ е апсолутно најдобриот напаѓач во англискиот Чемпионшип, откако го постигна вториот хет-трик сезонава за 3:0 победа на неговите Фулам над ривалот за влез во Премиерлигата, Вест Бромвич Албион.

Митровиќ првиот гол го постигна во 20. минута од пенал, за во 40. минута да зголеми на 2:0 и на крајот во 82. минута да комплетира уште еден неверојатен меч за него.

Во 15 кола во англиската втора лига оваа сезона, Митровиќ има постигнато неверојатни 18 голови. Фулам се втори на табелата со 32 поени, 4 пред ВБА. Инаку рекордот по број на голови во Чемпионшип во една сезона е 28.

Scroll to Top