Top Sport

Во Билбао нема да се играат натпревари на ЕУРО 2020

Натпревари на ЕУРО 2020 нема да се играат на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао. УЕФА поради санитарните пропусти ја одзеде организацијата на стадинот, на кој своите натпревари на ЕУРО 2020 требаше да ги одигра Шпанија.

УЕФА, за претсстојниот континентален собир, постави санитарни услови пред сите организатори. Овие услови регионалната влада на Баскија не била во можност да ги исполни.

Најзначајниот услов бил во градовите организатори да бидат вакцинирани најмалку 60 отсто од жителите и бројката на заразени со Ковид-19 кои леат во болниците да не биде поголем од два отсто од капацитетите на болниците.

Од Баскија истакнаа дека УЕФА самоволно ја донела оваа одлука, со најава дека ќе бараат обесштетување од УЕФА.

Медиумите шпекулираат дека организацијата УЕФА сега ќе и ја додели на Севилја,

За потсетување, Билбао, беше еден од трите градови, покрај Даблин и Минхен, кои не потврдија дека на стадионот ќе има навивачи.

ЕУРО 2020 ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.

Scroll to Top