Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк признава дека нема одлука за индината на Џејдон Санчо, по интересот кој за младиот Англичанец го покажаа во Манчестер јунајтед и во другите клубови од Премиер лигата.
19-годишниот Санчо продолжува да биде поврзуван со трансфер за големи пари во Јунајтед, кои го идентификувале младото крило како прва цел следното лето. Тие веќе се обидоа да го убедат Санчо да се врати во Англија, но не успеаја. Санчо замина во Дортмунд од Манчестер сити во 2017 година.
„Засега нема одлука. Но, не морате да бидете видовит да сфатите дека тој нема да игра во Дортмунд уште пет години. Тој имаше одличен развој во Дортмунд, нешто што не верувам дека беше можно во англиските клубови. Ние му верувавме и му дадовме шанса да игра и тој го знае тоа. Се работи за инстиктивен фудбалер, уличен фудбалер. Никогаш не е задоволен и сака да игра успешен и убав фудбал“, призна Цорк во интервју за „Кикер“.
Санчо имаше 12 гола и 14 асистенции минатата сезона за „милионерите“, а оваа сезона веќе има три гола и четири асистенции во Бундеслигата.