Бразилецот Давид Луиз летово замина од Челси, но остана во Лондон, откако се реши д ја прифати понудата на Арсенал.
Арсенал за Бразилецот платија девет милиони евра. Луиз откако се пресели на „Емирати“ не може никако да се вклопи во тимот и сигурно е еден од најлошите играчи на Арсенал во досегашниот дел од сезоната.
За Давид Луиз проговорил поранешниот играч на Челси Тони Каскарино. Тој рекол дека во клубот не можеле да повреуваат дека Арсенал се заинтересирани за Бразилецот.
„Знам дека во Челси беа изненадени кога им пристигнала понудата од Арсенал. Еден од директорите ми кажа: ‘Па тие го купија нашиот најлош дефанзивец’. Луиз имаше добри сезони, но во последно време игра лошо“, рекол Каскарино.