Top Sport

Во Дортмунд признаваат: Иднината на Халанд ќе биде решена наскоро

По најавите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дека ова лето Ерлинг Халанд ќе пристигне на „Ноу Камп“, директорот на фудбал на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел потврди дека клубот ќе направи одлука за иднината на Норвежанецот во „следните неколку недели“.

Халанд потпиша четирииполгодишен договор со Дортмунд кога пристигна од Ред Бул Салцбург во јануари 2020, по што блесна за „милионерите“ со 76 гола во првите 75 меча за клубот, по што голем број на врвни европски клубови беа поврзувани со потписот на 21-годишниот напаѓач.

Покрај ова, во текот на летото се активира клаузулата од 75 милиони евра за трансфер на Халанд, и Кел признава дека самиот Норвежанец ќе одлучи каде ќе продолжи, иако се надева дека ќе остане во Дортмунд.

„Ситуацијата е многу јасна, тој има можност да излезе од договорот во текот на летото. Има повеќе причини зошто Халанд е во добри раце во Борусија Дортмунд и зошто ние сме добра опција за него. Ќе седнеме со него и неговиот тим во следните недели и ќе разговараме за ситуацијата и се надевам дека ќе дојдеме до брзо решение“, изјави Кел.

Покрај Барселона, за Халанд во минатото беа заинтересирани и Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен, иако се верува дека тој сака да продолжи во Шпанија. Барса секако ќе има конкуренција од Реал Мадрид, кои би сакале летово да ги донесат Халанд и Килијан Мбапе во најубоитиот напад на денешницата.

Scroll to Top