Кавасаки Фронтале ја освоија првата титула во историјата на тимот, во драматичен финиш на јапонската Џеј лига, „крадејќи“ ја титулата од актуелните шампиони Кашима Антлерс.
Ремито од 0:0 на Антлерс со старите ривали Џубило Ивата, значеше трофеј за Фронатале, кои со 5:0 ги совладаа Омија Ардиџа за да завршат со ист број на поени со Кашима, но со подобра гол-разлика. Ова е прв трофеј за Кавасаки по три втори места во 2006, 2008 и 2009 година.
Кашима пред последните две кола од шампионатот имаше четири поени предност пред Кавасаки, но две ремија со победи за Фронтале значеше титула за Кавасаки.