Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека на Мундијалот во Русија немало позитивни допинг-тестови и покрај шпекулациите за наводните прекршувања од страна на изненадувачки добрата руска репрезентација.
ФИФА спроведе од јануари дури 2.037 тестови, во кои сите фудбалери кои учествуваат на СП во Русија биле мета на ненајавени контроли пред натпреварувањето, додека во текот на турнирот имало дополнителни тестови.
Просечно, секој фудбалер од четирите полуфиналисти (Франција, Хрватска, Англија и Белгија) биле тестирани четирипати од јануари, а некои биле дури на осум допинг-контроли.