Top Sport

Во Фиорентина тврдат: Нема понуди за Душан Влаховиќ

Директорот на Фиорентина, Џо Бароне повтори дека клубот не добил ниту една понуда за нивниот напаѓач Душан Влаховиќ и покрај шпекулациите за трансфер во Арсенал и Јувентус, и побара Србинот и неговите менаџери да бидат „појасни“ во своите побарувања.

Влаховиќ не игра на денешниот меч против Каљари поради позитивен тест на КОВИД-19, но тоа не ги спречува постојаните шпекулации околу напаѓачот.

„Сакам да зборувам за Фиорентина, за нашите навивачи и фудбалери. Цело време зборуваме за ова, но веќе кажавме: Фиорентина нема понуди за Влаховиќ. Ние сме јасни и бараме појаснување од фудбалерот и неговите менаџери. Фиорентина има иднина и мораме да се фокусираме на тоа“, изјави луто Бароне пред мечот со Каљари.

Според италијанските медиуми, Арсенал се подготвени да понудат 70 милиони евра, додека Јувентус се надеваат на договор од 35 милиони евра плус Дејан Кулушевски.

Scroll to Top