Директорот на Интер, Бепе Марота ја нападна Лега Серија А за одложувањето на дербито Јувентус-Интер оценувајќи дека шампионатот е „дисторзиран“ и дека постои ризик да не се заврши сезоната.
Во четвртокот беше објавено дека мечевите од италијанската прва лига во регионите каде што има коронавирус ќе се играат бе гледачи: Јувентус-Интер, Милан-Џенова, Удинезе-Фиорентина, Сасуоло-Бреша и Парма-СПАЛ, но во саботата, мечевите беа презакажани за 13 мај, по што се помести и финалето на Копа Италија на 20 мај.
„Ла газета дело спорт“ отворено го прашаа директорот Марота дали мисли дека Јувентус е зад оваа одлука.
„Искрено, не сум многу заинтересиран за тоа. Сакам да посочам дека со целата ситуација се ракува многу лошо. Требаше да се донесе побрза одлука. Лега Серија А направи грешка што објави дека ќе се игра без гледачи кога министерот за спорт советуваше против таква одлука. Ова не е прифатливо и затоа Интер побара итен состанок на сите 20 клубови, на кој ќе зборуваме за иднината, бидејќи ме загрижува тоа што ќе се случува сега. Играње без публика веќе нема смисла, и што правиме со Интер-Сасуоло следната недела? Три дена подоцна имаме меч од Лига Европа“, вели Марота.
Лацио играа во саботата и ги победија Болоња со 2:0, со што се искачија на првото место на табелата, но Марота не го обвинува римскиот клуб и нивниот претседател Клаудио Лотито.
„Лотито исто така беше разочаран што мечевите беа одложени. Сигурен сум дека многу клубови се незадоволни, а следната недела имаме Аталанта-Лацио на распоред… Ако одложиме уште натпревари ризикуваме да не се заврши сезоната. Шампионатот е дисториран. Помислете на психолошкиот ефект над фудбалерите“, додава Марота.