Манчестер сити прв пат во клуската историја стана европски шампион. Голот на Родри со кој Сити го доби финалето против Интер прекина традицијата која важеше претходните 10 години. Цела деценија барем еден хрватски фудбалер ја освојуваше Лигата на шампионите.
Шанса да ја продолжи традицијата имаше Марсело Брозовиќ. Тренерот на Марцело Брозовиќ ја доби честа да ја носи капитенската лента и тој е првиот хрвтаски фудбалер што бил капитен во едно финале. Сепак Брозовиќ со Интер не успеа да се искачи на европскиот трон.
Традиција започна во 2013 година кога Марио Манџукиќ со Баерн ја освои Лигата на шампионите. Потоа Лука Модриќ ја освои првата од петте титули со Реал.
Следуваше Ракитиќ со Барселона, па Модриќ и Матео Ковачиќ со Реал трипати по ред, потоа Дејан Ловрен со Ливерпул, Иван Перишиќ со Баерн, Ковачиќ со Челзи и повторно Модриќ со Реал.