Со нескриен оптимизам репрезентативците на Македонија се подготвуваат за гостувањето во Палермо. Актуелниот европски шампион Италија ќе ја пречека Македонија, на 24.март, во полу-финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.
Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитиревски, добрата форма во која се наоѓа во клубот, ќе треба да ја префрли и во националниот тим, за да може да ги запре италијанските напаѓачи.
„Поседуваме квалитет, да немавме квалитет немаше да бидеме тука. Ако можевме да ја победиме Германија зоѓто да не можеме да ја победиме Италија“, вели Димитриевски.