Top Sport

Во Јуве загрижени за иднината на Игуаин

Генералниот директор на Јувентус, Фабио Паратичи признава дека Јувентус преговараат за продолжување на договорите на Џиџи Буфон, Џорџо Кјелини и Пауло Дибала, потврдува дека има идеја за замена Миралем Пјаниќ-Артур Мело со Барса, но најмногу е загрижен за ситуацијата на Гонзало Игуаин.

Во интервју за „Скај спорт Италија“, Паратичи признава дека не знае дали Аргентинецот ќе остане во Јувентус, откако си замина во својата татковина за да биде блиску до неговата мајка, која боледува од рак, и аргентинските медиуми тврдат дека не е подготвен да се врати во Италија.

„Кога си замина, сите бевме многу загрижени поради неговите лични работи. Се работи за многу чувствителен човек кој сите го сакаме. Се надевам дека ќе продолжи со нас и во сезоната која му останува од договорот“, вели Паратичи.

Околу наводната договорена замена со Барса Пјаниќ-Артур, Паратичи вели дека „големите клубови секогаш „разговараат меѓу себе“.

„Во моментов сме уште сме во фазата на разговори. Договорите на Буфон и Кјелини се пред завршување, а разговараме и со Дибала. Целата ситуација со корона вирусот ги одложи преговорите“, додава Паратичи.

Scroll to Top