Top Sport

Во Каљари не веруваат дека Наинголан ќе остане

Претседателот на Каљари, Томас Џулини признава дека има огромни шанси Раџа Наинголан нема да остане на Сардинија и следната сезона и покрај неговата желба да биде покрај својата болна жена.

Белгиецот се врати во Каљари како позајмен фудбалер од Интер, и според „Кориере дело спорт“ трансферот може да направен постојан за 15-20 милиони евра, иако проблем ќе претставува сумата од 4 милиони евра годишна плата.

„Раџа уште еднаш покажа колку е важен фудбалер за нас. Би имало тешки преговори со Интер, но ако Раџа сака да остане, може да се обидеме. Но, каква што е сега ситуацијата, нема големи шанси да го видиме Наинголан со Каљари и следната сезона“, изјави Џулини.

Популарниот „Нинџа“ повеќе пати изјавуваше дека Каљари е неговиот втор дом, а и неговата сопруга Клаудија е од островот. Наинголан призна дека една од причините поради кои се согласи да игра за Каљари беше неговата сопруга да биде блиску до семејството додека се бори со ракот.

Scroll to Top