Top Sport

Белорусија се понуди да биде домаќин на дуелот Хабиб-Фергусон

Белорусија официјално понуди да биде домаќин на УФЦ 249 и пресметката помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон и во УФЦ федерацијата сериозно ја разгледуваат оваа опција.

Долгоочекуваниот дуел во лесна категорија помеѓу Дагестанецот и Американецот може да се оддржи на 18 април, но надежите се мали откако Хабиб се врати во Русија, а земјата објави целосна изолација со забрана на сите летови.

Белорусија, земја која ги избегнува сите строги изолациски правила и каде што се игра и фудбалското првенство, може да биде спасител на УФЦ 249, откако и самиот татко и тренер на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов ја посочи како пожелна дестинација.

Извршниот директор на Белоруската федерација на ММА, Максим Королков тврди дека добил зелено светло од владата да го организира мечот.

„Понудивме и одредени арени за УФЦ борби, како ’Минск арената’ со 15.000 седишта. Нашиот предлог сега е официјално ’план Б’, бидејќи веќе имаат и други опции. Ние сме подготвени за 18 април“, вели Королков.

УФЦ 249 требаше да се оддржи во Њујорк, а од УФЦ уште официјално не го одложуваат мечот, барајќи алтернативна локација, со шпекулации за неколку града на Блискиот Исток, но и приватната УФЦ сала во Лас Вегас.

Scroll to Top