Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс призна дека неговиот клуб мора да се подготвува за живот без белгискиот фудбалер од средниот ред Јури Тилеманс, кој според англиските медиуми е пред трансфер во Арсенал.
За 24-годишниот Белгиец претходно беа заинтересирани и Манчестер јунајтед и Роџерс признава дека ќе биде тешко да се заддржи на „Кинг Пауер“.
„Секогаш мораш да планираш да си без било кој фудбалер, тоа е клучно во функционирање на секој клуб. Јури е на возраст и во етапа во кариерата каде што мора да си ги гледа своите опции. Би сакал тоа да биде тука во Лестер, природно, но сфаќам дека фудбалерите имаат кратки кариери. Додека фудбалерот е посветен и професионален, другите работи не ми пречат. Ако го загубиме, тогаш треба да бидеме подготвени за следниот фубалер“, вели Роџерс.
Тилеманс има 23 гола во 131 настап за Лестер по неговата позајмица од Монако во јануари 2019, која подоцна беше претворена во постојан трансфер шест месеци подоцна за рекордни за Лестер 40 милиони фунти. Тој има уште 18 месеци од договорот со „лисиците“.