Top Sport

Историска победа на Братен – од 29. место по прво возење до триумф на слаломот во Венген!

Норвежанецот Лукас Братен забележа неверојатна прва победа во слалом од Светскиот куп, откако на легендарната патека во Венген во неделата успеа да триумфира иако беше само 29. по првото возење.

21-годишниот Братен, кој првата победа во кариерата ја оствари на првата трка од сезоната, велеслаломот во Зелден, беше само 29. по првото возење, повеќе од 2 секунди зад лидерот, неговиот сонародник Хенрик Кристоферсен.

Меѓутоа, тој имаше апсолутно шокантно второ возење од 48.17, речиси една секунда подобро од ривалите, и со комбинирано време од 1:41.48 ги победи Швајцарецот Даниел Јуле (0.22 секунди заостанување) и Италијанецот Џулијано Рацоли (0.29 секунди послабо време).

Ова е најголем „скок“ во историјата во машкиот слалом, односно подобрување на рекордот на Швајцарецот Марк Берто, кој во Аделбоден во 2007 победи откако беше 27. по првото возење.

Кристоферсен беше најдобар на првото возење со 51.27, пред Мануел Фелер и светскиот шампион Себастијан Фос-Солеваг, но нивната предност се „истопи“ во второто возење – Фелер беше петти, Фос-Солеваг шести, додека Кристоферсен направи грешка и излета во финишот.

Scroll to Top