Top Sport

Во Лион сонуваат – Лацио да им ја земе титулата на Јуве, па ние да ги дотепаме

Фитнес-тренерот на Лион, Паоло Ронгони даде едно контроверзно интервју за италијанското радио во кое вели дека се надева дека Лацио ќе го освои скудетото пред Јуве, за потоа тие да им го „нанесат завршниот удар“ со елиминација во Лигата на шампионите.

Лион ги победија Јуве со 1:0 во првиот меч од осминафиналето пред паузата поради корона вирусот, но на распоред останува реваншот во Торино во август. Италијанецот Ронгони вели дека и покрај тоа што Лион не играат по откажувањето на француската сезона, тие се фаворити.

„Се надевам дека прво Лацио ќе го освои скудетото, и потоа следниот ден, Јуве да играат со нас така измешани и ние да им го упатиме последниот удар. Да, тие ќе дојдат во подобра форма од нас по 12 меча во Италија, но ќе имаме предност ако работите не одат добро за нив. Тоа ќе креира цунами во тимот и ќе ги зголеми нашите шанси“, вели Ронгони.

Scroll to Top